Почетна ЕкономијаОд Скопје ќе се лета до Дубаи, Барселона, Лион и Штудгард, охридскиот аеродром се поврзува со Истанбул и Базел

Од Скопје ќе се лета до Дубаи, Барселона, Лион и Штудгард, охридскиот аеродром се поврзува со Истанбул и Базел

од nenad
1 минути читај за




Скопскиот и Охридскиот аеродром во 2025 година ќе се поврзат со шест нови авиолинии, соопшти денеска на прес-конференција министерот за транспорт Александар Николоски. Од Скопскиот аеродром ќе се лета до Дубаи, Барселона, Лион, Штутгарт, а охридскиот аеродром се поврзува со Истанбул и со Базел Милхауз.

Од 30 март следната година двапати неделно ќе се лета на релација Скопје – Дубаи – Скопје, летовите Скопје – Барселона – Скопје ќе бидат достапни од 30 јуни, а од 30 јули трипати неделно ќе се лета Скопје -Лион – Скопје и Скопје – Штутгарт – Скопје. На охридскиот аеродром, од 30 март се отвораат линиите Охрид – Базел – Охрид која ќе лета двапати неделно и редовната линија Охрид – Истанбул – Охрид која ќе лета четири пати неделно.