14
Најниската пензија од март ќе изнесува 18.192 денари, а просечната 26.258 денари, изјави денеска заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.
„Со зголемувањето во септември 2024 година, најниската загарантирана пензија достигна 15.692 денари и се очекува во март наредната година да стане 18.192 денари, додека просечната пензија во септември стана 23.758 денари и во март 2025 година се очекува да стане околу 26,258 денари. Со ова зголемување посебно придонесовме за подобрување на стандардот на пензионерите со најниски пензии, кои материјално се најзагрозени категории на граѓани”, рече Велковски.