Почетна МакедонијаОДНЕЛ ЗАТВОРЕНИК ДО ДОМА, ИМАЛ НЕКОЈА РАБОТА Кривична пријава за полицаец од Струмица

ОДНЕЛ ЗАТВОРЕНИК ДО ДОМА, ИМАЛ НЕКОЈА РАБОТА Кривична пријава за полицаец од Струмица

од nenad
1 минути читај за




ОВР Валандово поднесе кривична пријава против Р.М.(42) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

„Тој на 23.10.2023, во својство на вработен како затворски полицаец во КПУ – Затвор Струмица, во договор со осуденик кој издржувал казна затвор, со своето моторно возило го пренел до с.Јосифово за да завршат работа со негова роднина и го вратил“, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).