Почетна Убавина и здравјеЖивотот ѝ подготви улога поголема од сцената: Александра Јанева станува мајка

Животот ѝ подготви улога поголема од сцената: Александра Јанева станува мајка

од nenad
1 минути читај за

Македонската музичка ѕвезда Александра Јанева ја израдува јавноста со прекрасна животна новост – таа го очекува своето прво дете. Радосната вест ја сподели преку искрена и длабоко емотивна порака која веднаш предизвика лавина од реакции и честитки.

„Создавајќи албум кој го слави женскиот дух, сила и љубов, не знаев дека универзумот ме слуша и подготвува за најважната премиера во нашиот живот. Те чекаме малечка“, напиша Александра, ставајќи до знаење дека пред неа е улога што ја надминува секоја сцена и секој аплауз.

Додека професионално е во силен и креативен подем, нејзиниот приватен живот влегува во најнежната и најзначајна фаза. Од нејзините зборови јасно се чувствува дека бременоста за неа е благослов, радост и исполнување кое доаѓа во вистинскиот миг.

Социјалните мрежи брзо се наполнија со честитки, топли пораки и убави желби, а поддршката од публиката и колегите уште еднаш покажа колку Александра е сакана и почитувана.

Пред неа е ново животно поглавје и најубавата улога досега – улогата на мајка. Судејќи по среќата и спокојот што ги зрачи, оваа животна „премиера“ ќе биде незаборавна.