Фотографите не ја пропуштиле можноста да го уловат секој нејзин потег
Вера Ванг, славната американска дизајнерка, повторно воодушевила со својот младешки изглед на престижниот настан одржан во Лондон, Nominees’ Party, по повод 78. доделување Британски филмски награди (БАФТА). Овој ексклузивен настан, кој се одржал на 15 февруари 2025 во Националната галерија, собрал бројни филмски ѕвезди, режисери и модни икони, а меѓу нив се нашла и Вера, која привлекла големо внимание со своето присуство.
Иако дизајнерката е во своите 80-ти години, нејзиниот беспрекорен стил и младешки изглед и понатаму ја збунуваат јавноста. Благодарение на својата затегната кожа, вита става и енергичен настап, таа изгледа како да има 35 години. Овој феномен не е новост кога станува збор за Вера Ванг – таа со години важи за синоним за елеганција и безвременска убавина, а обожавателите и медиумите постојано се прашуваат која е тајната на нејзиниот младешки изглед.
Поврзани објави
За оваа пригода, Вера одбрала софистицирана и модерна комбинација – црн, елегантен фустан со минималистички детали, кој го искомбинирала со впечатлив накит Bvlgari. Нејзината долга, права коса и суптилната шминка дополнително ја нагласиле нејзината природна убавина и младешкиот дух.
Со своето присуство на овој настан, Вера Ванг уште еднаш докажала дека не само што е модна икона, туку е и инспирација за многумина ширум светот, како во светот на модата така и кога станува збор за одржувањето на виталноста и младешкиот изглед.
ФОТО: Инстаграм