Експертите откриваат кој е најдобриот оброк за прочистување на крвните садови
Покаченото ниво на холестерол и триглицериди е една од најчестите болести на модерното време. Покрај задолжителните рестрикции во исхраната и соодветната диета, и билките можат многу да им помогнат на луѓето со овој проблем.
Појадок за луѓе кои страдаат од висок холестерол, триглицериди и шеќер во крвта:
„Измешајте по две супени лажици мелено ленено семе и цели овесни снегулки со 250 мл јогурт. Промешајте, поклопете и оставете ја кашата да преноќи во фрижидер. Изутрината додајте по пола лажиче семе од пискавица и мелен цимет. Промешајте и изедете го тоа на празен стомак. Овој појадок особено им се препорачува на луѓето кои се резистентни на инсулин“, советуваат експертите.
Поврзани објави
Во продолжение ви откриваме и чајна мешавина против покачен холестерол и триглицериди:
- 50 г корен од коприва
- 50 г пиреј
- 50 г артичоки
- 50 г анасон
- 50 г смил
Измешајте ги сите билки, па земете 4 супени лажици од смесата и прелејте ја со литар ладна вода. Ставете ја да зоврие, па тргнете ја од шпорет и оставете ја да отстои поклопена еден час. Процедете и пијте го чајот во текот на денот со мали голтки.
ФОТО: Food Photographer | Jennifer Pallia / Unsplash