Почетна Убавина и здравјеОдбрала и фризура што ги брише годините – изгледа како девојка! – Убавина и здравје

Одбрала и фризура што ги брише годините – изгледа како девојка! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Актерката Џејн Семур во осмата деценија изгледа како девојка

Џејн Сејмур се појавила на 52. доделување меѓународни награди „Еми“ во Њујорк и покажала дека годините не ѝ можат ништо. Имено, таа заблескала во долг, гламурозен фустан со длабоко деколте и гол грб.

Инаку, актерката има 73 години, но и многу помлади колешки би можеле да ѝ позавидат поради нејзиното тело. Во една пригода открила дека редовно тренира пилатес, шета, јаде еден оброк дневно и ужива во консумирањето чаша вино и темно чоколадо.

Открила и дека никогаш не држела диета и дека треба да си угодуваме себеси, но умерено.

„Шетам по плажа, вежбам пилатес. Се обидувам да останам во форма и да се хранам здраво, но никогаш не сум на диета. Сè што правам е умерено и тоа функционира за мене“, рекла Џејн.


Поврзани објави

Исто така, таа е една од ретките што не паднала под влијанието на естетските операции.

Џејн има бурен љубовен живот зад себе, а интересно е што се венчавала дури 4 пати: со Мајкл Атенборо помеѓу 1971 и 1973 година, со Џефри Планер помеѓу 1977 до 1978 година, со Дејвид Флин од 1981 до 1992 година и со Џејмс Кич од 1993 до 2015 година.

Таа за „Тајмс“ изјавила дека и покрај разводите, останала многу блиска со сите мажи со кои била во брак и со секој маж со кого била во врска.

„Секогаш кога ќе видам некој со којшто сум била во врска, макар тоа траело кратко, чувствувам блискост со него. Видете, мислам дека е тешко да се биде со некој кој е многу познат и кој постојано е присутен на црвениот килим.“

Во разговор за „Пипл“ во 2012 година, Џејн рекла дека најважната лекција што ја извлекла од своите бракови била таа да се ослободи од болните работи и да се обиде да ја одржи комуникацијата и да го задржи она што било добро во врската.

ФОТО: Инстаграм