Почетна Убавина и здравјеОвие 3 работи биле клучни за неговото слабеење – Убавина и здравје

Овие 3 работи биле клучни за неговото слабеење – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Ди Анџело Саваж не крие дека се мачел за да ослабе, но повеќе се мачел кога имал 200 килограми и никаков социјален живот

Ди Анџело Саваж е згоден маж кој им го привлекува вниманието на многу девојки. Гордо ја покажува својата трансформација и тоа како дошол до феноменални резултати кога станува збор за физичкиот изглед.

Имено, Ди Анџело имал речиси 200 килограми и во своите видеа напоменал дека се лажел себеси дека не може да ослабе и дека таа тежина му била судена. Но тоа биле само изговори, додека не си ја признал себеси вистината.

Ди Анџело сега има 99 килограми, редовно тренира и ужива да ги инспирира другите.


Поврзани објави

Овој младич, кого во коментарите го нарекуваат Аполон, открил дека девојките порано го одбивале и му велеле дека не е нивен тип, но сега, тоа е сосема поинаку.

„Престанете да се лажете себеси и својата мрзливост и лоша исхрана да ѝ ги препишувате на судбината. Почнете. Сега. Ова е дисциплина“, пишува во видеата во кои покажува како изгледал порано, а како сега.

Ди Анџело успеал да симне речиси 100 килограми со редовни тренинзи, но и со броење калории. На неколку видеа се гледа дека користи апликација за броење на калориите во порциите што планира да ги јаде.

Апсолутен успех постигнал со комбинација од 3 работи: вежбање, намалување на порциите и упорност.

ФОТО: Инстаграм