Почетна Убавина и здравјеНекогаш тежеше 163 кг, а сега ги покажува мускулите — Виктор Живојиновиќ позираше во теретана (ФОТО)

Некогаш тежеше 163 кг, а сега ги покажува мускулите — Виктор Живојиновиќ позираше во теретана (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за

Синот на Лепа Брена продолжува да инспирира со својот напредок и дисциплина, а новата фотографија од Тајланд го потврдува неговиот труд.

Виктор Живојиновиќ, син на пејачката Лепа Брена, објави фотографија од теретана на која ги покажува своите мускули по интензивен тренинг. Тој со години го менуваше животниот стил и сега секој негов напредок е мотив за многумина да се посветат на здрав живот и слабеење.

Виктор некогаш имал 163 килограми, но со редовни тренинзи, дисциплина и правилна исхрана успеа да постигне значајна трансформација. Со цел да се ослободи од последните наслаги маснотии околу стомакот, тој подлегнал и на липосукција, пишуваа медиумите.

Printscreen/Instagram/viktorernest

Лепа Брена неодамна откри дека и било тешко да гледа како син ѝ се бори со килограмите.

Поврзани објави

Боба и јас постојано правевме вечери, а Виктор стигна до 163 килограми. Многу страдав, плачев и се плашев за неговото здравје“, изјавила таа.

Покрај тренинзите, Виктор се забавувал и на Тајланд, каде пробал јавање слонови и споделил интересни моменти со своите следбеници на социјалните мрежи.

Printscreen/Instagram/viktorernest

printskrin youtube – blic tv viktor zivoinovic