Кајли Џенер во реалното шоу „Кардашијан – Џенер“ не можеше да ги сопре солзите поради туѓите коментари за нејзиниот изглед. Сè почна со нејзините фотографии од модната недела во Париз во јануари оваа година.
Во шоуто The Kardashians, Кајли Џенер ѝ кажува на нејзината сестра Кендал Џенер колку ѝ било тешко да се справи со негативните коментари за нејзиниот изглед, односно за сликите од модната недела во Париз, за кои ја критикуваат дека „носи премногу шминка“.
Кајли Џенер рекла дека е добро што по сè има самодоверба воопшто да се погледне во огледало.
Својот необичен изглед го објаснила и со тврдењето дека тој белег на лицето го имала уште од детството. Ова не е ништо необично бидејќи таа негира дека имала пластична операција освен операција на градите, со што нагласи дека за промените во нејзиниот изглед е одговорна генетиката.
Поврзани објави
Сликите од претходно покажуваат дека спорниот детаљ го нема на лицето на Кајли Џенер, како што таа тврди.
Сигурно не е во ред кога критиките преминуваат во потсмев, но Кајли знае и дека нејзиниот изглед влијае на голем број луѓе, ширум светот и дека пред сè треба да биде искрена за својот изглед и имиџ.