Почетна Убавина и здравјеОва се пораките од свечената матурска церемонија на учениците од Американската Гимназија Скопје – Убавина и здравје

Ова се пораките од свечената матурска церемонија на учениците од Американската Гимназија Скопје – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Успесите на децата се вистинската награда за Американската Гимназија Скопје и вистинскиот мотив да се продолжи да се негува врвно образование

Што значи да се порасне? Да се стане возрасен, зрел, а сепак млад човек?

За едни, тоа е моментот кога се вработуваат, за други – мигот кога седнуваат зад воланот на автомобилот, а за трети, пак, кога добиваат лична карта. Но, за матурантите од Американската Гимназија Скопје, да се порасне значи нешто сосема поинакво. За овие ученици, тоа е моментот кога стануваат свесни за себе и околината околу себе, кога размислуваат за своите емоции и своите ставови, кога имаат силно критичко мислење за светот од кој се дел, и кога имаат вистински планови да придонесат за вистинска промена во својата заедница.

 

По цела година напорно учење и вредно работење, како и во текот на сите минати четири години средно образование, учениците од Американската Гимназија Скопје ја прославија својата матура со свечена церемонија, на која ги фрлија своите капи високо кон небото, означувајќи дека само небото е граница на нивните желби, соништа и планови. Опремени со знаење, вештини и способности да се соочат со се што стои пред нив, тие возбудено зачекорија во светот на возрасните. Стоејќи возбудено пред своите професори, родители и пријатели, овие млади луѓе покажаа колку се горди на тоа што своето образование го стекнале токму во Американската Гимназија Скопје и колку се нетрпеливи да видат што ги очекува. На учениците им се обрати нивната директорка, проф. д-р Венера Крлиу, која ги охрабри младите луѓе да ги следат своите соништа и ги потсети да не се плашат да кажат „Те молам“ и „Извини“. Таа истакна дека секогаш ќе бидеме крај нив, како поддршка и разбирање за сите нивни идни предизвици.


Поврзани објави

Во стајлинзи соодветни и на годините, и на нивните карактери, тие блеснаа и го воодушевија сите присутни, кои за миг се запрашаа дали се на матурска церемонија, или на црвениот тепих на Met Gala! Родителите беа силно возбудени и горди со своите деца, а пак професорите… тиеодвај ги задржаа солзите кога ги видоа учениците што ги паметат уште како мали деца, сега пораснати и созреани.

Успесите на децата се вистинската награда за Американската Гимназија Скопје и вистинскиот мотив да се продолжи да се негува врвно образование. Голем дел од нив продолжуваат со студии на Универзитет Американ Колеџ Скопје, бидејќи осознаа што значи вистински квалитетно образование. Благодарни што сме дел од нивниот најубав период од животот, остануваме секогаш тука за нив, нетрпеливи да видиме што сѐ ќе постигнат во животот. Честитки!

 

ТЕКСТ И ФОТО: ПР