Table of Contents
Никој не може да одолее на нивната шармантна насмевка! Припадниците на овој знак се секогаш насмеани и заводливи, така што ќе мора навистина да се потрудите доколку сакате да имате нешто повеќе со нив. Тоа што ви се насмевнале не значи дека сте ги освоиле. Можете да погодите за кого станува збор?
Терезијата е знакот кој е под влијание на планетата Венера, па така неговите припадници се во постојана потрага по хармонични односи. Кога се работи за љубовта, Вагите бараат совршена рамнотежа на телото и духот и посветен партнер. Тие уживаат кога се сакани и целосно се посветуваат на нивните избраници. Иако Вагите делуваат смирено и прибрано, знаат да бидат многу импулсивни и романтични кога ќе се опуштат. Тие не играат игри во љубовта. Многу се внимателни, а понекогаш и болно искрени.
Какви се женските терезии во љубовта?
Терезиите се залагаат за праведност и рамнотежа. Многу се дружељубиви и имаат одлични комуникативни вештини. Тие се харизматични, привлечни и многу лесно ги освојуваат луѓето околу себе. Жените родени во знакот Вага ја поседуваат фантастичната комбинација од разумна логика и непостојани емоции. Секогаш се отворени да прифатат добронамерни совети и критики, само доколку знаете како да им ги укажете на логичен начин.
Терезиите остваруваат многу силна врска со нивните партнери. Секогаш ги разгледуваат и туѓите аргументи благодарение на нивната разумност и логика кои им овозможуваат да ги согледаат проблемите од сите можни агли.
Понекогаш оставаат впечаток дека се неодлучни, но терезиите само се обидуваат да се стават себеси на туѓо место. Ретки се луѓето кои ја поседуваат оваа особина. На женските терезии им треба партнер кој ќе им даде совет и поддршка. Најдобро се сложуваат со близнаци и водолии.
Какви се машките терезии во љубовта?
Мажите родени во овој знак многу лесно се вљубуваат. Не си играат играчки и ако ви кажат дека ќе ви се јават, очекувајте го нивниот повик. Типичните машки терезии сакаат да пружат и да добијат задоволство. Многу сакаат да заведуваат и им успева во тоа, бидејќи се многу шармантни. Тие се чувствителни и сензуални љубовници. Од нив можете да очекувате вистинска романтика, кревет со ливчиња од рози, миризливи свеќи…
Машките терезии се чувствуваат целосни само тогаш кога се во врска и ќе дадат сѐ од себе за да ја задржат партнерката. Тие ја ценат и негуваат стабилноста во љубовната врска. Иако се непристрасни и искрени, машките припадници на овој знак секогаш внимаваат на своите зборови бидејќи не сакаат никого да повредат. Тие се обидуваат да ги одбегнат конфликтите на сите можни начини и да имаат мирен живот. Објективни се и праведни. Понекогаш се борат со својата неодлучност и страв да не донесат погрешна одлука.
Целта на романтичните машки терезии е да ја задоволат својата партнерка на сите можни начини. Тие го ставаат задоволството на партнерката пред своето и затоа се идеални партнери. Девојките кои ќе ги препознаат нивните доблести, ќе бидат богато наградени. Најдобро се сложуваат со близнаци, водолии, стрелци и лавови.
Совет за оние кои се вљубени во терезија
Поврзани објави
Терезиите се многу романтични и уживаат во интимните моменти. Тие сонуваат да најдат силен, амбициозен, извонреден и успешен партнер. Терезиите никако не толерираат агресија и напнатост. Попрво ќе седат и молчат отколку да се расправаат. Немојте да ги вовлекувате во каква било расправија на првиот љубовен состанок.
Како да го заведете мажот роден во знакот терезија?
Доколку сакате да заведете маж роден во знакот терезија, мора да бидете подготвени да ги задоволите сите негови романтични апетити, без разлика дали се работи за вечера или културен настан. Вагите го ценат сето она што е убаво. Ретки се машките терезии кои ќе започнат врска со жена која не ги привлекува физички.
Освен тоа, мора да покажете почит кон луѓето кои им значат. Вашите шанси ќе бидат многу поголеми ако нивните пријатели и семејство се на ваша страна. Разговорите нека ви течат лесно и нежно. Не штедете на комплименти. Поминувајте време во долги разговори, бидејќи машките терезии сакаат да разговараат за сѐ. Признајте кога не сте во право, бидејќи така ќе им дадете до знаење дека сте праведни и дека не играте игри. Очекувајте врска, а не само забава. Машките терезии сакаат љубов и брак, така што ако и вие го сакате истото, тие никогаш нема да ве пуштат од раце.
Како да ја заведете жената родена во знакот терезија?
Женските терезии уживаат да бидат во центар на внимание и очекуваат да се однесувате со нив како да се најважните луѓе во светот. Доколку сакате да ги заведете овие жени, треба да бидете добри слушатели и да поседувате одлични комуникативни вештини. Жените родени во знакот терезија обожаваат да разговараат за настаните во светот, најмногу сакаат да зборуваат за себе и своите интереси. Доколку ги охрабрите во тој поглед, дефинитивно ќе ги освоите.
Во текот на младоста, женските терезии се прилично диви и влегуваат од врска во врска, но како што стареат така сѐ повеќе сакаат да се смират. Тие се малку мрзеливи кога е љубовта во прашање, па затоа ќе морате да ги мотивирате и да се трудите да им го задржите вниманието. Ако успеете во тоа, тие ќе ве обожаваат.
Мора да се обидете да ги исполните нивните најдлабоки желби. Почитувајте ги и кажувајте им колку се прекрасни. Вагите често го менуваат расположението, така што не очекувајте дека вашиот однос ќе биде секогаш ист. Не го сфаќајте тоа лично. Тоа е дел од карактерот на женските терезии. Доколку имате трпение и сакате да им го подобрите расположението, обидете се максимално да им угодите. Се прашувате дали некогаш ќе треба да престанете да им угодувате? Не, никогаш! Тие се кралици и никогаш не заборавајте го тоа. Исто така, не заборавајте дека ќе бидете богато наградени за таквиот третман. Внимавајте, бидејќи терезиите бегаат доколку им стане здодевно.
Како да ги сакате терезиите?
Бидете праведни и проширете си ги хоризонтите. Терезиите многу ги ценат рамнотежата, правдата и еднаквоста. Никогаш немојте да ги изолирате терезиите од нивното друштво. Тие се многу дружељубиви, иако претпочитаат помали, интимни групи. Припадниците на овој знак се многу горди на нивните добри манири и уживаат со нивните внимателно одбрани пријатели.
Терезиите не го даваат нивното срце толку лесно, но ако успеете да го освоите, тоа ќе трае до крајот на животот. Доколку ви ја возвратат љубовта, сметајте се за големи среќници. Тие се многу чувствителни, па затоа внимавајте да не ги повредите.
Терезиите навистина ќе се обидуваат да ви угодат и да создадат романтична атмосфера. Ценете го нивниот труд. Обично вистинската љубов на терезиите е нивната прва љубов од средно училиште. Меѓутоа, најчесто тие не се свесни за тоа, а потоа не даваат никому втора шанса. Терезиите никогаш не се враќаат во минатото и за нив не постојат втори шанси. Ако ви дадат една шанса, искористете ја и не чекајте втора! Имате само една шанса!