Омиленото јадење на популарната пејачка го сакаат сите Балканци.
Фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ со децении ја одржува идеалната фигура, а во тоа, како што признава, успева благодарение на исхраната. Со оглед на тоа што ги пости сите четири православни пости, рибата често се наоѓа на менито на пејачката, но сепак на Цеца Ражнатовиќ не ѝ е омиленото јадење, ниту пак ја јаде со задоволство.
Како и повеќето Балканци, така и Цеца најмногу сака месо, но не прецизираше кое, бидејќи пробала речиси се’ што постои.
Јас сум голем месојад! Јадев месо од разни диви животни. Пробав змија, зебра, ној, ајкула, крокодил… Единственото нешто што никогаш не можев да пробам беа полжави. Кога ќе се сетам како изгледаат, навистина не можам – откри Цеца и призна дека не е таа задолжена за готвење во својата куќа.
Поврзани објави
Не сакам да готвам или да одам на пазар, искрено. Мислам дека доволно придонесувам за семејството, дека не морам да го правам тоа. Иако, можам да готвам! Јас сум од југот, секоја жена таму мора да ги знае сите работи што треба да ги работи – изјави пејачката.
Квалитетите на жената не се дефинираат само со тоа дали знае добро да завитка сарми и да зготви грав. Денеска секој може да се ожени, но важно е да се негува и одржува тој брак, а тоа секако не се прави со пржено месо и мрсна чорба, заклучи Цеца.
Фото: Инстаграм @lifeofcecaraznatovic