Што ако ви кажеме дека цел живот ставате парфем на погрешни места на вашето тело?
Ставањето парфем се смета за толку банален чин што генерално не му обрнуваме посебно внимание. Меѓутоа, што ако ви кажеме дека цел живот ставате парфем на погрешни места на вашето тело?
Иако можеби мислите дека со прскање парфем на зглобовите и вратот, нанесувате парфем на пулсната точка, која зрачи дополнителна топлина и со тоа го засилува мирисот, ова не е идеалната локација.
Поврзани објави
Имено, како што пренесува Huffington Post, единственото место каде што треба да нанесуваме парфем е папокот.
Само една капка парфем во папокот совршено ќе го распореди мирисот низ телото и ќе ја одржи неговата долговечност.
Актерката Лив Тајлер и манекенката Адриана Лима се добро запознаени со овој трик, па со години се колнат на него, откривајќи дека тоа е нивната тајна благодарение на која секогаш мирисаат волшебно.
Фото: Pexels/Karolina Grabowska