Свадбената фотографија на Ана Бекута остава впечаток на среќна жена.
Кога ќе се спомене емотивниот живот на пејачката Ана Бекута, првото нешто на што сите помислуваат е Милутин Мрковиќ, во чие срце пејачката влезе ненадејно и остана до неговата смрт. Нивната романса, особено на почетокот, ја заинтригира јавноста, за неа многу се зборуваше и пишуваше, па многумина заборавија на претходните партнери на популарната пејачка, но еве една од ретките фотографии од свадбата на Ана Бекута.
Predrag Vidović Preja, prvi muž Ane Bekute. pic.twitter.com/q7K6ENCXl3
— babura velika (@BaburaVelika) April 20, 2017
Имено, и поранешниот сопруг на пејачката, Предраг Видовиќ Преја, со кој ја започна љубовната приказна во раните осумдесетти години на минатиот век, беше музичар кој делумно е заслужен за нејзината успешна кариера. Познато е дека се запознале кога тој објавил конкурс за пејачка на кој се пријавила тогаш анонимната девојка Нада Полиќ, а поради името на бендот на Преја „Анабе“, се роди и нејзиното уметничко име – Ана Бекута.
Поврзани објави
Музички брилијантно соработуваа, а покрај тоа влегоа во романса и живееја заедно десет години, а единствената фотографија од свадбата на Ана Бекута и Предраг Видовиќ Преја излезе во јавност и ни откри како изгледала тогаш .
Малку е да кажеме дека невестата тогаш блескала со широка, искрена насмевка, по која и сега е препознатлива, а луксузната венчаница што ја носела на овој посебен ден ни кажува дека отсекогаш имала извонредно чувство за мода, па не е чудно што важи за една од најстилизираните и најдобро облечени дами на домашната јавна сцена.
Иако фотографијата остава впечаток на среќна и заљубена жена, Ана одлучила зад себе да ја остави љубовната приказна со Преја, а недолго потоа го запознала клавијатуристот Слободан Шмакиќ и од Шабац се преселила во Белград.
И оваа врска ѝ траеше долго, до 2000 година, кога наиде на својата најголема љубов – успешниот политичар Мрка, кој, за жал, почина во ноември 2021 година, оставајќи ја пејачката во солзи.
Инспирирано од: www.ubavinaizdravje.mk