Камила Тридерман од Барселона нашла една собичка со бања и од неа направила неверојатно функционално станче
Оние што одлучиле да живеат во помал стан велат дека доживеале вистинска преродба. Да живеете во помал простор значи да се откажете од непотребните работи.
Таквиот живот бил незамислив за модната дизајнерка и дизајнерката на ентериер, Камила Тридерман, од Барселона, сè додека не нашла мало станче во зграда која датира од 1930-тите години.
Станчето буквално имало една собичка од 29 квадрати со бања, но Камила направила чудо од неа со помош на архитектката и дизајнерката Евгенија Гати.
При реновирањето, кога го отстраниле монтажниот таван, откриле вистинско богатство – оригинален таван од греда и цигли. Тоа му дало неверојатен шарм на целиот стан.
Поврзани објави
Камила не одлучила да додава никакви преградни ѕидови, ја реновирала бањата и купила нова кујна и простор за складирање. Покрај голем кревет и работна маса, која истовремено е и трпезариска маса, во станот на Камила нема ништо друго. Креветот е одвоен од делот за јадење со проѕирна завеса. Над креветот има проектор кој ѝ овозможува да гледа филмови на ѕидот пред неа.
Другото големо богатство во станот е балконот што има гарнитура за седење, која претставува незаменлив дел од животот на Камила.
Погледнете подетално како изгледа овој стан во видеото во продолжение…
ФОТО: Принтскрин Јутјуб / NEVER TOO SMALL