Во музеи и книга, Војин Ражнатовиќ сака да ја раскаже непознатата страна на животот на својот татко.
Војин Ражнатовиќ, синот на покојниот Жељко Ражнатовиќ – Аркан, открива дека планира да отвори музеј посветен на својот татко, кој ќе ја претстави неговата лична страна што јавноста досега не ја видела. Проектот треба да се реализира во 2026 година.
Идејата на Војин е музејот да содржи досега необјавени фотографии, лични предмети и спомени од животот на Аркан. Засега не е одлучено дали локацијата ќе биде во Србија или во САД, каде што Војин живее и работи, но истакнува дека има поддршка од бројни пријатели на својот татко.
Поврзани објави
Покрај музејот, Војин планира и издавање книга во која ќе бидат објавени педесет кратки приказни од животот на Аркан. Дел од нив се базирани на негови лични искуства, а дел му се прераскажани од блиски луѓе. Книгата, според него, нема да биде класична биографија, туку вистинска и емотивна слика за еден бурен живот.
Оваа книга му ја должам на татко ми. Мојата цел не е сензација, туку вистина и правда,“ изјави Војин, додавајќи дека е подготвен да се соочи со сè што ќе произлезе од објавувањето на проектот.
printskrin Youtube-svetlana ceca raznatovic