Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ се впушти во патувањето на својот живот и во моментот ја истражува ледената убавина на Антарктикот.
Колинда Грабар-Китаровиќ вчера храбро скокнала во водата, чија температура е близу нула степени. Откако гумениот чамец пристигнал до местото за скокање, таа се фрлила во темниот, леден океан.
На инстаграм-профилот на Кристијан Иличиќ, водачот на турата, денеска се појави видео, во кое може да се види како изгледа сместувањето на бродот (Колинда е една од 17-те патници).
„Секоја соба на нашите патници е идентична. Голем брачен кревет, фотелја, а добивме колачи и шампањ. Имаме и биро, телевизор и излез на балконот“, раскажал тој.
Тој ја покажа и бањата, па ја прочитал пораката во која се наведува дека бродот е еден од најдобрите за експедиции, одличен е за маневрирање. Тој открил дека екипата на ова патување ќе има „салон за набљудување“ (observation lounge), една вечер по нивен избор резервирана за собирање и забава со музиката што ја сакаат, а ќе имаат и вечер во трпезаријата.
„Кабините се одлично опремени, а некои се толку луксузни што нивната цена достигнува над 30.000 евра. Бродот има и спа-центар со сауна, џакузи, базен со поглед на глечерите, теретана и бројни други погодности. Со, секако, врвна храна“, напишал тој.
Иличиќ открил дека на бродот има и научници кои одговараат на сите прашања што „патниците ги имаат за светот што ги опкружува во тој момент“.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/reels/DTx4FQNDqhY/