Јавниот повик за купување на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се планирани за Град Скопје, беше официјално објавен, информираше вечерва заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
Преостанатите 40 автобуси ќе бидат дистрибуирани во склад со економската исплатливост и вистинските потреби на секоја од локалните самоуправи.
Во разговор за Канал 5 телевизија, Николоски изјави дека тендерот е распишан пред два дена и дека еколошките автобуси се еден од трите главни услови потребни на метрополата за да се редуцира загадувањето на воздухот. “Покрај еколошките автобуси, за намалување на аерозагадувањето во Скопје, според Николоски, потребни се и градски воз и транвај.”
Решението за набавка на еколошките автобуси беше одобрено на седница на Владата во април годинава.