Британската влада прати писмо до олимписките спонзори во кое повика да извршат притисок врз Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) поради предлогот да се дозволи на спортистите од Русија и Белорусија да се натпреваруваат на Игрите во Париз следната година. Медиумите во Велика Британија објавија денеска за ова. МОК е под зголемен притисок откако во јануари одреди на кој начин натпреварувачите од Русија и Белорусија ќе можат да се квалификуваат за Олимписките игри во Париз, преку азиските квалификации без употреба на државните знамиња. Британскиот секретар за култура, Луси Фрејзер, испрати писмо до главните извршни директори на 13-те најголеми олимписки спонзори, меѓу кои Кока-Кола, Самсунг и Виза, и ги информираше за грижите на владата. Фрејзер пишува дека не треба да се дозволи на режимите во Москва и Минск да го користат спортот за свои пропагандни цели. Украина се закани дека ќе ги бојкотира Олимписките игри во Париз доколку се натпреваруваат руски и белоруски спортисти.
Нулата на “Ренато Далара”
77