Колку бил во шок сведочи неговиот израз на лицето
Иако цел живот уживаше во статусот кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ беше и единствениот пејач кој навистина се круниса.
Сите добро се сеќавате на познатата свадба во Кладово, кога Шаулиќ од водителот доби златна круна со рубини, но малку е познато дека Роки Беговиќ доживеал слична ситуација.
Пејачот Радосав Беговиќ, попознат како Роки, е крунисан за нов крал на народната музика, а ова изненадување му го приредило семејство на чија прослава пеел.
Колку бил во шок сведочи неговиот израз на лицето, како и солзите кои не можел да ги запре.
Би го поканил колегата Роки Бековиќ да дојде овде, бидејќи семејството Филиповиќ сака нешто да му предаде“ – изјави неговата колешка Мира Алексиќ.
Поврзани објави
Роки не можеше ни да насети што му се подготвува, а кога се созеде од шокот, едвај успеа да изговори една реченица.
За мене ова е повеќе од изненадување, не знам што да ви кажам, не го очекував. Ви благодарам многу“ – рече пејачот.
Да потсетиме, Роки Беговиќ неодамна стана дедо, а во интервју откри како се чувствува во својата нова улога.
Чувството е убаво, неописливо, додека не го доживееш, навистина не можеш да го знаеш. Родителите ми рекоа „ќе видиш кога ќе станеш дедо“, а јас искрено не знаев како ќе биде“ – изјави пејачот.
Фото: Printscreen/Instagram
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: