Почетна ТехнологијаНОВА ТЕПАЧКА ВО АВТОБУС НА ЈСП Инцидентот бил поттикнат од политичките тензии

НОВА ТЕПАЧКА ВО АВТОБУС НА ЈСП Инцидентот бил поттикнат од политичките тензии

од nenad
1 минути читај за




Апелираме, МВР да ги засили своите контроли во возилата од јавниот превоз, како и на автобуските постојки, реагираат од ЈСП.

Од ЈСП информираат дека вечерва во автобусот на линија бр.7 на автобуската постојка кај комплексот Банки се случи уште еден инцидент, поттикнат од политички тензии.„Апелираме до политичките партии да ја смират својата реторика во предизборниот период, да делуваат одговорно и да не користат реторика која ги потпалува тензиите меѓу граѓаните по кој било основ.

Истовремено, апелираме до МВР и техничкиот министер Панче Тошковски, кој е надлежен за спроведување на мирни, фер и демократски избори, да преземе одговорност и соодветни мерки за спречување на ваквата потпалувачка кампања која предизвикува нетрпеливост кај најмладите.

Апелираме, МВР да ги засили своите контроли во возилата од јавниот превоз, како и на автобуските постојки.

За среќа, во овој настан нема тешко повредени, а причинета е само минимална материјална штета (скршен прозорец) на автобусот која ќе се покрие со осигурувањето на возилото“ – стои во реакцијата од ЈСП.Претходно на социјалните мрежи се појави видео од уште еден инцидент во автобус на ЈСП. На вознемирувачкото видео се гледа како повеќа лица удираат патник во градски автобус.Од описот на видеото се вели дека настанот се случил во преполн автобус на 57-ца во скопската населба Радишани.