А факт е дека нема да застане и ќе продолжи да поместува граници и да руши рекорди.На Ѓоковиќ му недостасува уште еден трофеј на Ролан Гарос за да стане првиот со четири Грен слем титули. Моментално е единствениот со три. Првиот трофеј во Њујорк го освои во 2011 година, потоа беше најдобар во 2015 година, па во 2018. Во меѓувреме загуби неколку финалиња, но не се предаде и на крајот се врати на тронот на 37 години.
И не само тоа, Ѓоковиќ се израмни со Маргарет Корт, која освои и 24 Грен слем трофеи и сега има можност да го собори и тој рекорд. Од денеска повторно е „број 1“ на АТП-листата, а во пресметката води против Медведев со 10:5.