Почетна МакедонијаМААЕ потврди: Во близина на нуклеарната централа Запорожје се поставени мини

МААЕ потврди: Во близина на нуклеарната централа Запорожје се поставени мини

од nenad
1 минути читај за




Експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) потврдија присуство на мини во близина на нуклеарната централа Запорожје, што е окупирана од руските сили.

   

За време на инспекцијата пред два дена тимот на МААЕ регистрирал мини лоцирани во тампон зоната помеѓу внатрешните и надворешните бариери на локацијата. Мините се лоцирани во ограничена област, недостапна за персоналот, се наведува во соопштението на МААЕ.

Агенцијата на ОН истакнува и дека присуството на такви експлозиви на локацијата не е во согласност со безбедносните стандарди на МААЕ и упатствата за нуклеарна безбедност и создава дополнителен психолошки притисок врз персоналот на централата и покрај првичната процена на МААЕ, дека евентуално детонирање не треба да влијае на системите за нуклеарна безбедност и безбедност на локацијата.