Почетна МакедонијаАнгелов: До крајот на денот се очекува да пристигнат летала и тимови од неколку земји за справување со пожарите

Ангелов: До крајот на денот се очекува да пристигнат летала и тимови од неколку земји за справување со пожарите

од nenad
1 минути читај за




Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов соопшти дека пристигната е меѓународна помош обезбедена преку ЕУ механизмот на цивилна заштита.

   

-Пристигнати се еден хеликоптер од Србија и еден хеликоптер од Чешка, вели Ангелов.Тој додаде дека во текот на денешниот ден се очекува да пристигне помош од уште неколку земји – еден хеликоптер од Словенија, два „ер трактори“ од Шведска, два „ер трактори“ од Германија, како и тим од Унгарија составен од 46 лица со 13 возила меѓу кои и специјални теренски противпожарни возила.