Раскошниот венчален фустан беше специјално креиран за популарната пејачка.
Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се една од најхармоничните брачни двојки на јавната сцена. Тие ја прославија 33-годишнината од бракот, а бидејќи во текот на кариерата постигнаа голема популарност, нивната венчавка беше еден од најследените настани во поранешна Југославија.
Свадбата на Брена и Боба собра над 500 гости, во поранешниот белградски хотел Интерконтинентал, а интересно е што дури и Дневник беше прекинат поради тоа.
Во една пригода на социјалните мрежи се појави фотографија од венчавката на познат пар, па многумина се сетија како изгледаше раскошната венчавка на која еден од кумовите беше познатиот Борис Бекер, а Драгана Мирковиќ го фати бидермаерот.
Поврзани објави
Раскошниот превез, скапиот накит, цвеќињата и бисерните обетки се само дел од величествениот изглед на пејачката, а специјално за неа е дизајнирана и раскошната венчаница „Диор“.
Свадбата, се проценува, чинеше 50.000 германски марки, што за тоа време беше вистинско богатство. Приготвени се дури 650 јадења, тортата имаше пет ката, а подароци пристигнуваа од целиот свет. Кумот Борис Бекер не можеше да дојде, но им го испратил најновиот „мерцедес“, а се зборуваше дека само една уметничка слика што ја добиле младенците вреди половина од нивната свадбена прослава.