Шеикот Калифа бин Хамад бин Калифа Ал Тани, најмладиот син на поранешниот емир на Катар, е еден од најбогатите луѓе во светот, а жените ги маѓепсува неговиот изглед. Тој е вистинска сензација на социјалните мрежи, каде што изгледа како вистински плејбој.
Девојките ширум светот ја фалат маркантноста на шеикот, а тој се повлече од мрежите пред две години. Животниот стил кој изобилува со луксуз, злато и скапи автомобили им го привлекува вниманието на луѓето во светот.
Рангиран е на деветтото место меѓу најбогатите кралеви во светот, а вкупниот имот на семејството Ал Тани се проценува на околу 335 милијарди долари, според извештаите.
Од друга страна, богатството на Безос се проценува на 182,3 милијарди, а на Гејтс на 128,7 милијарди.
Поврзани објави
Принцот пристигна во Лос Анџелес со приватен авион, опкружен со слуги, и се смести во луксузниот хотел Беверли Вилшир. Таму води раскошен живот, редовно посетува луксузни ресторани, казина во Лас Вегас и резервира луксузни ложи за игрите на ЛА Лејкерс.
Неговиот екстравагантен начин на живот им го привлече вниманието на таблоидите, со приказните дека им подарува скапи подароци на службениците и вработените.
Фото: Инстаграм