Пејачката целосно се повлече од јавноста, а најголемата поддршка ѝ е семејството
Пејачката Милица Тодоровиќ, по напуштањето на породилиштето, деновите ги минува во својот дом, далеку од очите на јавноста. Во овој чувствителен период, најголема поддршка ѝ дава нејзината сестра, која постојано е покрај неа и не се одвојува од неа.
Веста дека нејзиниот партнер Н. М. наводно е оженет предизвика вистинска бура во јавноста. Дополнителен шок беа и тврдењата на неговата сопруга, која јавно зборуваше за тешкиот период низ кој поминува со децата.
Поврзани објави
Според извор близок до пејачката, Милица целосно се повлекла и сето свое внимание го насочила кон бебето и сопственото закрепнување. Таа не сака дополнителен стрес, нема дадилка, а повремено ја посетува медицинска сестра која ѝ помага околу грижата за новороденчето.
Кога станува збор за односот со партнерот по избувнувањето на скандалот, ситуацијата е неизвесна. Изворот тврди дека тој не е виден кај Милица во последните денови, но дека е можно да се во контакт. Иако таа и претходно знаела дека тој е во брак, јавната експозиција на приказната ја довела нивната врска во сериозна неизвесност.
printskrin youtube – alo milica todorovic