Почетна Убавина и здравјеНе можела да ги сопре солзите кога ги отворил очите и открил што видел на другата страна – Убавина и здравје

Не можела да ги сопре солзите кога ги отворил очите и открил што видел на другата страна – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Во 1997 година, момчето Лендон се разбудило од кома по 3 реанимации и ѝ раскажало на мајка му што видело на другата страна

Лендон, 8-годишно момче, во 1997 година се враќал дома од црква со својата мајка Џули и татко му Енди Кемп, кога доживеале сообраќајна несреќа. Татко му починал, а мајка му се здобила со полесни повреди. Автомобилот бил толку уништен што пожарникарите прво не го ни забележале момчето. Дури кога ја виделе неговата патика, сфатиле дека и тој е во урнатините.

„Не слушнав што викаше. Не видов дека доаѓа брза помош. Но се сеќавам дека викаше. Тоа беше последното нешто што го слушнав“, открила Џули, мајка на момчето.

Потоа објаснила зошто веднаш не го забележале телото на момчето.

„Не можеа да го видат неговото тело, поради оштетувањата на страната на возачот од автомобилот. А Лендон седеше зад татко му. И кога ја видоа неговата патика, сфатија дека треба да побараат подлабоко. Кога го извлекоа од задниот дел на автомобилот, тој не дишеше“, се присетила мајка му Џули.

Накратко го оживеале, но до болницата уште двапати му застанало срцето и едвај го реанимирале. Наредните недели бил во кома, а докторите рекле дека има минимални шанси да преживее.

Меѓутоа, за чудо ја преживеал тешката операција, без знаци на оштетувања на мозокот. Кога конечно се разбудил, мајка му се подготвувала да му каже дека неговиот татко починал. Сепак, тој ја шокирал неа кога ѝ раскажал што видел на небото, како и дека знаел дека татко му загинал.

„Го прашав: ‘Дали знаеш каде е татко ти?’, а тој ме шокира со одговорот: ‘Да, знам, го видов на небото’“, раскажала Џули.


Поврзани објави

Потоа, доживеала уште поголем шок.

„Во еден момент ме погледна и ми кажа: ‘Ех, да, мамо, заборавив да ти кажам, горе ги видов и твоите две деца!’ Бев шокирана, бидејќи тој никако не би можел да знае дека пред да го родам имав два абортуса. Јас и Енди никогаш не му го кажавме тоа“, открила Џули низ солзи.

Кога третпат се враќал од „оној свет“, Лендон тврдел дека го сретнал Исус Христос.

„Исус ми кажа дека морам да се вратам на Земјата, да бидам добар христијанин и да им раскажам на другите за него“, порачал Лендон.

Денес, сега веќе возрасен човек, вели дека ја користи својата приказна за да им помогне на оние што се борат со загуба и на кои им треба надеж.

ФОТО: Принтскрин Јутјуб