Почетна Убавина и здравјеНикому не му текнува да го направи ОВА, а клучно е за подобар вкус! – Убавина и здравје

Никому не му текнува да го направи ОВА, а клучно е за подобар вкус! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Овој трик ќе ги направи вашите похувани тиквички највкусни на целиот свет

Тиквичките се едни од најпопуларните летни намирници. Овој сестран зеленчук може да се динста, пече и пржи. Од него се прават нискокалорични алтернативи за тестенини, вкусни ќофтиња и оброци. Тиквичките може да се додадат дури и во кашести сокови и во разни пекарски производи.

Сепак, повеќето луѓе најмногу ги сакаат тиквичките во похувана варијанта. Совршено похуваните тиквички се крцкави однадвор и меки однатре и полни се со вкус. Иако не е тешко да се приготват дома, многумина забораваат да ги зачинат како што треба и затоа ова јадење не е толку вкусно колку што би можело да биде.

Ако навистина сакате да уживате во одличниот вкус на похуваните тиквички, зачинете ги лебните трошки или брашното со кои ќе ги панирате. Во сувите состојки задолжително додајте сол, а по желба и бибер, црвен пипер, лук во прав и слично.

Доколку сте љубители на лута храна, во лебните трошки можете да додадете чили во прав или каенски бибер. Вкусот на целото јадење ќе го подобрите и ако во смесата за панирање додадете ситно рендан пармезан. Токму тоа е трикот што ќе го подигне ова јадење на ново ниво.

Состојки:
  • тиквички
  • јајца
  • брашно
  • лебни трошки
  • сол, бибер, пармезан, црвен пипер и лук во прав
Приготвување:

Во три сада распоредете пченично брашно, добро изматени јајца зачинети со малку сол и бибер и лебни трошки, зачинети со сол, бибер, лук во прав и рендан пармезан.

Поврзани објави

Исечкајте ги тиквичките на кругови, посолете ги малку, па потопете ги во брашно, па во јајца, па на крај во лебни трошки. Повторете ја постапката за подебел паниран слој, а доколку сакате крцкавата обвивка да биде полесна, направете ја постапката само еднаш.

Како да ги испечете похуваните тиквички?

Во тавче на шпорет

Загрејте масло на тавче или во тенџере, па во него ставете ги панираните кругови тиквичка. Пржете ги тиквичките од секоја страна, две до три минути, додека обвивката стане златножолта и крцкава. Извадете ги тиквичките од масло и ставете ги на хартија за впивање маснотии пред да ги послужите.

Во фритеза на врел воздух

Фритезата на врел воздух е одличен начин да испечете крцкава храна без многу додадено масло. Ставете ги панираните тиквички во еден слој во фритезата на врел воздух на 200 степени и печете ги 6 до 8 минути, додека станат крцкави. Зависно од моделот на фритеза што го имате, можеби ќе морате да ги свртите тиквичките на другата страна на пола од печењето.

Во рерна

Можете да ги испечете тиквичките во рерна без масло, но имајте на ум дека оваа варијанта можеби нема да биде сочна како таа од тавче. Наредете ги панираните парчиња тиквички во еден слој на плех покриен со хартија за печење, па печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, 20-тина минути.