Почетна ВестиНиколоски: СДС тресат глупости за мнозинството за уставните измени

Николоски: СДС тресат глупости за мнозинството за уставните измени

од nenad
1 минути читај за

Николоски додаде дека „СДС тропаат глупости“ кога велат дека имаат мнозинство за уставни измени бидејќи доколку имаа до сега 10 пати ќе ги ставеа на дневен ред на собраниска седница за гласање.

   

-Доколку има двотретинско мнозинство во Собранието овие година дена 10 пати ќе го ставеа на гласање и ќе го изгласаа. Најдобар доказ дека тресат глупости, нема друг збор и дека ја користат темата за де фокус од нивниот криминал и за останување на ден повеќе на власт, е тоа што не го ставаат предлогот на гласање година дена, смета тој.Николоски уште еднаш нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ уставните измени под бугарски диктат се затворена тема, и рече дека ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа.