Азербејџан го погоди земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 35 километри, на 43 километри североисточно од градот Хачмаз, каде живеат 37.100 луѓе. Нема опасност од цунами.
Дописникот на Спутник од Баку јавува дека силни потреси се почувствувале и во главниот град на Азербејџан, а жителите на градот излегле на улиците.
Нема информации за штети или жртви.
Во меѓувреме, агенцијата АПА јавува дека земјотрес со јачина од 5,7 степени се случил во Каспиското Езеро, а потресите биле почувствувани и во Баку и во други региони на Азербејџан.
Во исто време, Министерството за вонредни ситуации на Дагестан соопшти дека жителите го почувствувале земјотресот, кој се случил на оддалеченост од 100 километри од Дербент.