Почетна ЕкономијаНиколоски во Абу Даби разговараше со Ал Мухари за инвестиции

Николоски во Абу Даби разговараше со Ал Мухари за инвестиции

од nenad
1 минути читај за

Заменик претседателот на Владата и министер за сообраќај, Александар Николоски, заедно со членовите на македонската делегација, предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Гоце Димовски, денес во Абу Даби остварија средба со Валид Ал Мокараб Ал Мухари, заменик извршен директор на „Мубадала“, инвестициска фирма од Обединетите Арапски Емирати.

За време на состанокот, на кој се дискутираше за евентуална соработка, Николоски ги претстави поволностите што ги нуди Македонија на странските инвеститори, како и потенцијалните можности за вложувања во државата, информираа од Министерството за транспорт.

Вицепремиерот Николоски подвлече дека оваа средба е одлична шанса за отворање нови видици меѓу двете држави, нагласувајќи дека Македонија има исклучителна географска позиција, која на инвеститорите им дава предност во регионот и директна врска со пазарите во Централна Европа. Како што рече Николоски, ова е добра можност за отворање нови перспективи меѓу двете земји, потенцирајќи дека Македонија има одлична геоположба која на инвеститорите им нуди предност во регионот и директно поврзување со пазарите во Централна Европа.

Во текот на средбата, Николоски ги презентираше и инвестициските можности во областа на туризмот, инфраструктурата и агрикултурата. Тој пред присутните го образложи планот за инфраструктурен развој на Република Македонија, со посебен акцент на модернизацијата на транспортните коридори.

Дополнително, на состанокот беа разменети идеи за поддршка на претприемништвото и приватниот сектор во областа на технологијата, иновациите, обновливите извори на енергија и други сектори.

„Мубадала” е инвестициска компанија со портфолио од 302 милијарди долари која работи на шест континенти во различни сектори.

Оваа средба е дел од официјалната владина посета на Обединетите Арапски Емирати, се вели во соопштението од Министерството за транспорт.
са/Фото: Министерство за транспорт.