Почетна ЕкономијаНиколоски: Барањата на „Рајан ер“ се невозможни

Николоски: Барањата на „Рајан ер“ се невозможни

од nenad
1 минути читај за

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денес истакна дека условите што ги поставува нискобуџетниот авиопревозник „Рајан ер“ за влез на македонскиот пазар се неприфатливи.

Според неговите зборови, компанијата бара субвенција од 25 евра по седиште, што претставува двојно повисок износ од актуелните државни субвенции.

„Не сметам дека ова е соодветно решение за македонскиот пазар, бидејќи условите што ги наметнуваат се неостварливи. Во моментов, субвенционираме со 9 евра за аеродромот во Скопје и 12 евра за оној во Охрид, што се меѓу највисоките субвенции на пазарот. Не е случајност што се отворени 28 нови авиодестинации за помалку од две години од формирањето на оваа влада“, наведе Николоски.

Тој додаде дека барањето на „Рајан ер“ вклучува 25 евра субвенција по седиште, што е повеќе од два и пол пати повеќе за скопскиот аеродром. Исто така, бараат приоритетно опслужување на нивните аеродроми, независно користење на услугите на скопскиот и охридскиот аеродром, иако компанијата поседува сопствени скали за авиони.

„Барањето е да ги укинеме и дел од постоечките дестинации“, нагласи Николоски, кој присуствуваше на отворање на градски пазар во Виница.

Извор: МИА