Почетна ЕкономијаВо трговскиот центар East Gate Mall денеска беше спроведена евакуација на посетителите

Во трговскиот центар East Gate Mall денеска беше спроведена евакуација на посетителите

од nenad
0 минути читај за

17/05/2026 18:19
ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Во трговскиот центар East Gate Mall денеска привремено беше спроведена евакуација на посетителите по активирање на противпожарниот систем во еден од локалите.

Од управата на центарот информирале дека согласно безбедносните процедури, сите присутни биле навремено известени и мирно го напуштиле објектот додека се вршела проверка на ситуацијата.

По извршената контрола било констатирано дека нема опасност и дека станува збор за лажен аларм, по што трговскиот центар повторно бил отворен и продолжил да функционира нормално.