Почетна ЕкономијаНИКОЛОВСКИ: Со законските измени прв пат се пропишуваат јасни одредби за заштита на земјоделското земјиште од пренамена

НИКОЛОВСКИ: Со законските измени прв пат се пропишуваат јасни одредби за заштита на земјоделското земјиште од пренамена

од nenad
1 минути читај за
 Во интерес на вистината, треба да знаат граѓаните, дека со актуелната законска регулатива во делот на земјоделското земјиште, Министерството нема никаква обврзувачка алатка со кој може да спречи пренамена на земјоделско земјиште во градежно.
‼️Согласно одредбите од постоечкиот Закон за урбанистичко планирање, #МЗШВ дава мислење за квалитетот на земјоделското земјиште, за постојните објекти, утврдени реални товари на земјиштето или други релевантни факти од нивна надлежност, но тоа мислење нема обврзувачки карактер, ниту се третира како позитивно или негативно, бидејќи актуелниот Закон за земјоделско земјиште НЕМА пропишани критеруми кога може да се изврши пренамена на земјоделско земјиште во градежно, а кога не.
⭕Сега со овие измени кои се предлагаат таква алатка се воспоставува и земјоделското земјиште е заштитено.

Клучно во овој процес е да не се дезинформираат граѓаните дека земјоделското земјиште би се пренаменувало, туку да се каже јасно вистината дека ПРВ ПАТ СЕ ЗАШТИТУВА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ.