Пејачката раскажа за соработката со покојната текстописка и за средбите со Фута Радуловиќ.
Фолк пејачката Стоја искрено проговори за соработката со покојната Марина Туцаковиќ. И покрај тоа што никогаш порано не се сретнале, Марина напиша некои од најголемите хитови на Стоја, меѓу кои „Metak“, „Gde god pođem tebi idem“ и „Nešto mi govori“.
Стоја раскажа дека при нивната средба, тие речиси и да не зборувале за музиката, туку за животот. Рече дека Марина била полна со топлина, пријатна и искрена, и дека ѝ е жал што порано не ја запознала.
Поврзани објави
Нејзе ѝ било предизвик да соработува и со Фута Радуловиќ, кој по природа не соработува со секого. Меѓутоа, на крајот тој прифатил, а соработката била одлична, со многу хитови и со голема професионалност.
Според Стоја, Марина знаела да ги погоди текстовите на песните според нејзиниот карактер, а Фута знаел да ги преточи тие чувства и да ги претвори во музика.
printskrin Youtube-k1 televizija marina tucakovic