Пејачката Гога Секулиќ вчера беше удрена од автомобил на пешачки премин, по што била задржана во Ургентниот центар, а пејачката по сите прегледи ја напушти болницата.
Гога Секулиќ моментално е дома, одмора и закрепнува, а нејзината состојба ја откри нејзиниот близок соработник, менаџерот Ненад Шипка.
Поврзани објави
Гога е под стрес, ја напушти болницата преку споредниот излез. Целата беше завиткана, не сакаше да се фотографира. Во болки е – изјави Ненад за „Блиц“.
Да потсетиме, пејачката откри како се чувствува по несреќата што ја доживеа:
Добро поминав. Ме удри доставувачот во нашата населба. Фала му на Бога, немам скршеници, ниту крварење – изјави Гога за српски „Телеграф“.