Почетна Убавина и здравјеНе сте ни свесни колку е опасна оваа навика! – Убавина и здравје

Не сте ни свесни колку е опасна оваа навика! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Полнењето на телефонот во кревет навечер е опасно поради прегревање и ризик од пожар

Руската инфлуенсерка Ана Отавина доживеала речиси кобен инцидент откако во нејзиниот стан во Москва избувнал пожар. Отавина, која на социјалните мрежи се претставува како јасновитка, открила дека за малку ќе изгорела жива, откако преносниот полнач ѝ ја запалил косата и ѝ предизвикал сериозни изгореници на грбот.

„Пожарот избувна за дел од секунда. Го оставив полначот за мобилен телефон на креветот. Тоа предизвика пожар бидејќи се прегреа во контакт со постелнината. Лежев со грбот свртен кон полначот, телефонот се полнеше, а косата ми беше пуштена. Кога скокнав од креветот поради топлината што ја почувствував, врелата коса автоматски ми падна на грбот“, раскажала инфлуенсерката.

Додека се обидувала да го изгасне огнот кој ѝ ја зафатил косата, забележала дека се запалиле и нејзината перница и прекривката.

„А кога скокнав од креветот, запалениот полнач падна на подот“, рекла таа, додавајќи дека пожарот, покрај постелнината, на крајот го зафатил и тепихот.


Поврзани објави

Потоа го покрила полначот за да спречи огнот да продолжи да се шири, па го изгаснала пожарот. Откако се уверила дека ситуацијата е под контрола, успеала да ги излади изгорениците на грбот со студена вода за да ја ублажи болката.

Таа ги повикала и итните служби, кои за кратко време пристигнале во нејзиниот стан. Отавина се здобила со изгореници од втор степен на 30 отсто од телото.

Предупредување: Не оставајте го телефонот да се полни на кревет додека спиете

„Заклучокот е многу едноставен. Никогаш не оставајте ниту преносни ниту обични полначи приклучени во струја, а телефонот да се полни на нив во текот на ноќта додека е на креветот.

Меките површини како перници, душеци или ќебиња ја задржуваат топлината што ја создаваат полначот и батеријата додека работат. Додека спиеме, може да дојде до пожар поради прегревање, а доколку не го забележиме навреме, последиците можат да бидат кобни“, предупредила Отавина.