На прагот на 17 сезона на најпопуларниот естраден магазин „Бекстејџ“, проверивме што се крчка во естрадната кујна, Дали можеби ќе бидат внесени новини, или екипата која работи на оваа емисија ќе функционира по стариот проверен рецепт кој несомнено низ годините ги задржа на врвот на гледаноста кога е културно забавната програма во прашање.
Ева Јакимовска веќе 10 години ја предводи оваа победничка екипа, како уредник на кој „паѓаат“ најголем дел од обврските во однос на содржините и менаџирањето на целиот тим, па кога и се обративме за изјава ни кажа:
Во текот на целата година напорно работам, а на лето смислувам нов концепт. Сите даваме идеи, секој кој е дел од тимот е еднакво важен. Истовремено си земам мала оддишка од претходната сезона и ги користам деновите да ги наполнам батериите на мојата омилена локација – покрај вода. Периодов сум во Охрид малку работно, малку приватно. Гледачите во 17 сезона на Бекстејџ можат да очекуваат големи промени и многу новитети.
17 години од нашето раѓање и медиумски живот, сфативме дека нашето најголемо достигнување е изразот. И новинарскиот и визуелниот. И по однос на емисии и по однос на прослави, настани и организации. Бекстејџ е своевиден пионер кога станува збор за вакви емисии. Не следиме трендови туку ги креираме. Од студио на терен. Од интервју до репортажа, Бекстејџ има свој печат кој што се разликува од останатите – вели Јакимовска
Поврзани објави
Новата сезона на естрадниот магазин Бексетјџ стартува во септември на фреквенцијата на телевизија Телма.
Фото: Приватна архива