Почетна Убавина и здравјеВи досадија обичните овесни каши? Пробајте го овој рецепт за печена овесна каша со вкус на чизкејк! (ВИДЕО)

Ви досадија обичните овесни каши? Пробајте го овој рецепт за печена овесна каша со вкус на чизкејк! (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за

Мартина Трајковска (@martinas_healthy_kitchen) ни приготви фантастична овесна каша, која е идеална за летниот период

Овесната каша е најздравиот појадок на светот, се согласуваат нутриционистите. Преполна е со протеини и диететски влакна – две важни работи кои му се потребни на нашето тело, а освен тоа го намалува холестеролот, го регулира шеќерот и одлична е за слабеење.

Сепак, ако ви досадија вообичаените начини на приготвување овесна каша, испробајте ја оваа по рецепт на Мартина Трајковска (@martinas_healthy_kitchen)! Станува збор за печена овесна каша со вкус на чизкејк, која не само што ќе ве засити туку и ќе ве снабди со сите хранливи состојки што му се потребни на телото за да се справи со сите предизвици во денот.

Состојки:
  • 40 г овес
  • 30 г протеин од ванила
  • 80 г котиџ-сирење
  • 100 г грчки јогурт со 0% масти
  • 5 г прашок за печиво
  • 10 г јаворов сируп без шеќери
  • ½  мала лажица екстракт од ванила
  • 100 г бадемово млеко
  • 100 г кето-џем од вишни без шеќер
  • 2 бискоф бисквити (карамела бисвити)

Поврзани објави

Приготвување:

Пуштете ја рерната да се загрее на 200 степени. Ставете ги сите состојки за кашата во блендер и изматете. Истурете ја смесата во сад за печење. Ставете да се пече 20 минути (проверете со чепкалка за заби, ако е многу течна, печете уште 5 минути).

Извадете ја чинијата надвор, а одозгора ставете џем од вишни. На страна истолчете ги бисквитите и ставете ги врз џемот.

Овој оброк има: 562 калории, 71,1 г јаглехидрати, 13 г масти, 47,9 г протеини и 23,2 г шеќери

Погледнете го видеото во продолжение за подетални упатства: