Почетна Убавина и здравјеНе се знае која од нив е поубава! – Убавина и здравје

Не се знае која од нив е поубава! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Сандра Вергара ќе се претстави во ново реално шоу

Софија Вергара, една од најпознатите колумбиски актерки, привлекува многу внимание, но ретко кој знае дека има сестра. Нејзината сестра Сандра Вергара (36) исто така ѝ е позната на јавноста, но за разлика од Софија, повеќе сака да биде зад камерата. Сепак, луѓето наскоро ќе можат да ја видат во реалното шоу Selling Sunset, каде што Колумбијката ќе зачекори во светот на ријалити-драмите.

Сандра ѝ е позната на јавноста како помладата сестра на Софија Вергара, но всушност таа ѝ е роднина, која семејството на Софија ја посвоило кога била дете. Пораснала со Софија, но ретко се појавувале заедно во јавност. Еден исклучок била нивната заедничка појава на црвениот килим во 2005 година.

За новото реално шоу

Сандра ќе биде единствената нова членка во наредната сезона на серијата Selling Sunset, а таа вест и самата ја потврдила на социјалните мрежи.

„Ќе донесам малку повеќе сјај, длабочина и лудории во реалното шоу“, напишала таа неодамна.

„Снимањето беше забавно. Неизмерно сум благодарна и почестена што сум дел од ова лудо, прекрасно искуство. Повеќе наскоро. Подгответе се за магија“, додала.

Според најавата на Нетфликс, новата сезона ветува „нови лица и нови конфликти“ во престижната агенција за недвижнини „Опенхајм“.


Поврзани објави

„Како што притисокот расте во приватните и професионалните животи, некои можеби нема да можат да го задржат своето место во агенцијата“, пишува во официјалниот опис.

Нетфликс сè уште го нема откриено точниот датум на премиерата на 9. сезона на серијата Selling Sunset.

Иако сега се претставува како агентка за недвижнини, Сандра со години е во шоу-бизнисот. Глумела во бројни телевизиски серии, а се појавувала и како ТВ-водителка и советничка за убавина. Нејзиниот профил на ИМДБ  е прилично долг, иако досега најчесто била во сенката на нејзината позната сестра.

Покрај по глумата и телевизијата, Сандра е позната и по својот стил, па често учествувала во модни и проекти за животен стил.

Во интервјуа има зборувано дека приватно многу се разликува од својата славна сестра: поповлечена е, повеќе се фокусира на работата зад камерата и секојдневниот живот, но сепак сака гламур.

„Ја обожавам индустријата за убавина, бидејќи ме поврзува со жените на реален начин. Гламурот е супер, но самодовербата е најважна“, рекла Сандра Вергара во едно интервју.

Кога станува збор за романтичните врски, Сандра го чува својот љубовен живот далеку од очите на јавноста. Досега не е познато дали била во брак, ниту се знае дали имала сериозен партнер.

ФОТО: Инстаграм