Аца Лукас отворено проговори за својот последен развод, но и за своите пороци и начинот на кој излегол од тој пекол.
–Најтешко ми беше кога последен пат се разведов. Најтешката ситуација во животот! Но, се во животот може да се надмине… Останав пријател со сите мои поранешни сопруги – вели Лукас.
Има една важна реченица, не сакам да бидам Сократ или Аристотел… Животот ми се сведува само на една реченица: „Станав најсреќниот човек на светот денот кога сфатив дека животот е едно тешко с*ање’ Не само за мене, туку за сите. Тоа е така и за мене, и за тебе… Знаеш, цел живот земав кокаин, тоа не можев да им го кажам на децата… Денеска можам да им кажам: Не земајте, дрогата е штетна!
Поврзани објави
Лукас откри и дали му било тешко да излезе од тој пекол.
Не, затоа што кога сакав, излегов. Земав само кокаин. Проблеми со него може да имаат само оние кои имаат многу пари и можност да се навлечат – признава Аца, а потоа додава:
Кога докторот ми рече да престанам да пијам, престанав, истото беше и со дрогата. Имам општествена одговорност која малкумина од моите колеги ја имаат и затоа зборувам за ова. Јас сум татко на четири деца, знам колку ме сакаат и другите деца. Не сакам никој од нив да почне да се дрогира поради мене – искрено изјави Лукас, пренесува српски „Ало“.