Почетна Убавина и здравјеНе претерувајте со воздржување! – Убавина и здравје

Не претерувајте со воздржување! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



60 минути порано треба да нарачате јадење доколку сакате да внесете помалку калории. Истражувањата покажале дека луѓето кои нарачале храна кога веќе биле многу гладни, избирале јадења со дури 10% повеќе калории.

И покрај тоа што веројатно наидовте на шокантни информации, дека еден типичен празничен оброк содржи 7.000 калории и дека е голема веројатноста да се здебелите од три до пет килограми за време на празничната сезона, најновото истражување покажува дека на крајот на декември и на почетокот од јануари најчесто се здебелуваме – само половина килограм!

Во никој случај не треба да размислуваме во стилот „сè или ништо“, бидејќи во тој случај може да изгубиме контрола. Воздржувањето од храна предизвикува прејадување – нашето тело е гладно, а нашиот ум се бунтува поради чувството дека сме лишени додека сите останати околу нас уживаат. Наместо тоа, запомнете дека празничната вечера е само еден оброк по кој ќе се вратите на вашата вообичаена рутина.

Заштедете калории за домашно приготвените оброци! Истражувањата покажуваат дека најголемиот број на внесени калории за време на празниците доаѓаат од индустриските грицки. Зошто тогаш, кога толку ретко имаме можност, без гризење на совеста, да не уживаме во домашна сарма и печено месо, домашни кифлички, руска салата и тортата на мама?

ПОТСЕТНИК


Поврзани објави

КОНСУМИРАЈТЕ…

… сок од круши. Овошните ензими и полифенолите од крушите побрзо го разградуваат алкохолот во организмот.

ПРАКТИКУВАЈТЕ…

… брза прошетка, бидејќи за еден час, со побрзо темпо, можете да согорите до 270 калории.

Текст: Убавина и здравје