Почетна Убавина и здравјеЗа татко ѝ не сака ни да чуе! – Убавина и здравје

За татко ѝ не сака ни да чуе! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ќерката на Анџелина Џоли, Захара Џоли, била фотографирана со момчето во Дизниленд и не го носела прстенот за којшто медиумите тврдеа дека е свршенички

Захара Џоли, второто дете што го посвоила славната актерка, го прославила 20. роденден во јануари, а според медиумските извори, наскоро би можела да стапи во брак. Многумина сметаат дека тоа би било прерано, со оглед на тоа што не е ни целосно полнолетна според американскиот закон. Во секој случај, ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, која студира во Атланта, го користи летниот распуст за да ужива во Калифорнија, а успеала да го посети и Дизниленд.

Големо внимание привлекло тоа што Захара Џоли не го носела дијамантскиот прстен додека викендот уживала во најстариот Дизниленд во Анахајм. За разлика од претходните години кога се појавувала исклучиво со мајка ѝ или сестрите, овој пат друштво ѝ правел партнерот Елајџа Купер.

Наместо голем дијамант на раката, носела уши на Мики Маус на главата, најпопуларниот сувенир во најпознатиот забавен парк. Таа, всушност, била Мини Маус, бидејќи и нејзиниот избраник го носел истиот додаток, но без познатата црвена панделка. Тие ги усогласиле и стајлинзите – обични маици и светол џинс.


Поврзани објави

На почетокот од месецот, Захара предизвикала лавина шпекулации за можна свршувачка, откако се појавила во елитен холивудски ресторан со прстен на домалиот прст на левата рака. Подоцна истата вечер, била фотографирана како влегува во автомобил зад чиј волан седел Елајџа, млад актер кој исто така студира на колеџот во Атланта. Таму веројатно и се запознале.

Иако до вчера немаше ни официјална потврда за врската, прстенот беше доволен за да ја заскокотка имагинацијата на американските медиуми, поради што се појавија и шпекулации за свршувачка. Иако при посетата на Дизниленд не бил забележан никаков „сомнителен“ накит, држењето за рака е сосема доволно за да се заклучи дека, сепак, станува збор за вистинска љубовна приказна.

Захара е родена во Етиопија во јануари 2005 година. Нејзината биолошка мајка починала од сида, а убавата актерка ја посвоила кога имала седум месеци, додека била на хуманитарна мисија во таа земја. Тогаш, со неа бил и Медокс, кој изразил желба да добие брат или сестра од Африка.

Таа студира на престижниот Спелман колеџ во Атланта, се занимава со хуманитарна работа и обожава мода. Како дете се појавувала во некои филмски проекти, иако Анџелина изјавила дека нема актерски амбиции и дека ја интересираат посериозни работи. Пред сè, сака да им помага на другите. Интересно е и што неодамна го исфрлила презимето Пит од документите, па сега е само Захара Џоли.

ФОТО: Инстаграм