Поп-пејачката Ана Николиќ повторно во центарот на вниманието…
Ана Николиќ зборуваше за бројни табу теми, меѓу кои и нејзината моментална психичка состојба, борбата со алкохолизмот, но и за недозволените супстанци, како и за грижата за иднината на нејзината наследничка Тара (8), која ја имаше во бракот со Стефан Ѓуриќ Раста (35).
Имам психотерапевт веќе осум години. Не сум излечена, бидејќи е невозможно да се излечи. Штом еднаш тргнеш да одиш на психијатар, таму одиш цел живот“, изјави атрактивната пејачка.
Таа зборуваше сосема искрено и без резерва за важноста да се негува ментална хигиена.
Поврзани објави
Во Србија срамота е да се каже дека одиш на психијатар, а улиците се преполни со луди луѓе, поточно оние кои не се лекуваат. Би ги замолила сите што имаат проблем да одат на лекар, бидејќи верувам дека овие луѓе студираат со години за да можат некому да помогнат. Поголем проблем е да се самолекувате, да паднете во депресија и да посегнете по лекови, дрога кои се лесно достапни. Имам ќерка и многу се плашам од сето ова“, изјави Ана за која со години се шпекулира дека е корисник на забранети супстанци, што постојано го демантираше.
Ана вели дека за луѓето со деликатни чувства, а особено емпатичните, како што самата се опишува, важно е покрај себе да имаат луѓе на кои ќе им веруваат, а пред се професионалци кои можат да им помогнат.
Фото: printskrin Youtube/ RTV Pink Official
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: