Почетна Убавина и здравјеНе можеле да го тргнат погледот од неа! – Убавина и здравје

Не можеле да го тргнат погледот од неа! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Актерката Марго Роби воодушевила со стајлингот, а најкоментирани биле нејзините обувки

Прекрасната актерка Марго Роби започнала да го промовирал својот најнов филм „Оркански височини“, за којшто сите веќе долго зборуваат.

Филмот им го привлекол вниманието на обожавателите уште пред да пристигне во киносалите, а најмногу се зборува за односот на Марго и нејзиниот австралиски колега Џејкоб Елорди, како и за нивните експлицитни сцени. Роби за една од нејзините промотивни турнеи одбрала комбинација што привлекла големо внимание.

Потпетици што им пркосат на законите на физиката

Во готичарско издание и црн мини-фустан на Роберто Кавали, Марго воодушевила со својот беспрекорен изглед. Но она што на сите им паднало в очи биле нејзините потпетици „Кристијан Лобутин“ од 12,4 сантиметри, кои изгледаат невозможни за носење. Овие црни лакирани обувки со тенка потпетица од колекцијата „So Kate“ чинат 945 долари, а препознатливи се по дизајнерскиот црвен ѓон.

Молитви за нејзините стапала на социјалните мрежи

Поврзани објави

Фотографијата што ја споделил нејзиниот стилист Ендру Мукамал брзо собрала бројни коментари:

„Ме болат нозете само што ја гледам фотографијата“; „Праќам молитви за нејзините стапала“; „Каде можам да видам како оди во овие потпетици?“, пишувале луѓето, споредувајќи ги овие потпетици со познатите розови салонки од филмот „Барби“.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм / andrewmukamal
Готичарски шик и драматични детали

Впечатливите обувки биле придружени со смел, црн, мини-фустан. Моделот е дизајниран со драматични ѕвонести ракави кои елегантно паѓаат од лакотот надолу, создавајќи готичарски шик-впечаток.

Својата прекрасна модна комбинација ја усогласила со црн ѓердан со впечатлив црвено-златен приврзок, украсен со драги камења, кој исто така е дело на брендот „Роберто Кавали“. Својата препознатлива руса коса ја пуштила во опуштени кадрици.

Инаку, Роби го толкува ликот Кетрин Ерншо во филмот „Оркански височини“, кој е адаптација на истоимениот роман на Емили Бронте од 1847 година, што претставува модерна верзија на старата трагична љубовна приказна. Премиерата на филмот е закажана за 13 февруари, токму пред Денот на вљубените.

ФОТО: Инстаграм