Почетна Убавина и здравје„Не можев да поверувам кој ми пишува“ (ФОТО/ВИДЕО) – Убавина и здравје

„Не можев да поверувам кој ми пишува“ (ФОТО/ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Миа Костова сподели низа ретро фотографии и се наврати на годините кога како девојче била дел од балетски претстави и патувала со ансамблот.

Миа Костова сподели ретро фотографии и откри детали од периодот кога како девојче била дел од балетски претстави и патувала со ансамблот.

Повод за нејзината објава била Олга Милосавлева, првата македонска балерина, која Костова имала можност лично да ја познава. Таа се присети дека Милосавлева присуствувала и на дел од пробите за претставите „Учи ме мајко, карај ме“ и „Одблесок“.

Во тоа време Миа имала само 11 или 12 години, а со претставите настапувала и во Турција и Белорусија. Токму преку тие искуства, како што вели, театарот уште од најрана возраст станал важен дел од нејзиното растење.

Еден од спомените што особено го издвојува е патувањето до Минск. Децата патувале со автобус два и пол дена, а спиеле на сунѓери за плажа поставени во просторот за поминување. Во Белорусија биле сместени кај локални семејства.

Иако условите биле тешки, а Костова се присетува и на проблеми со вошки и недостиг на основна храна, денес на тие патувања гледа со носталгија и ги памети како убави детски спомени.


Поврзани објави

Фото: Инстаграм

Особено интересно е што неодамна повторно стапила во контакт со едно момче од тие години. Станува збор за човекот во чие семејство била сместена додека гостувале во Турција.

Фото: Инстаграм

Тој ја пронашол на Инстаграм, а на Миа ѝ биле потребни околу 20 минути за да сфати кој ѝ пишува. Кога ѝ ги испратил старите фотографии, препознала дека се работи за момчето кое го запознала пред повеќе од две децении. Денес тој има околу 42 или 43 години.

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм