Необична куќа во селото Радовница, кај Трговиште, без фасада, однадвор со штици, а внатре со голи ѕидови, дрвен таван и прозорци кои едвај ги запираат налетите на ветерот и дождот, е местото каде што баба Ѓурѓа Марковиќ,114-годишна жена од Србија, ги помина последните земски денови. Баба Ѓурѓа е најстарата жителка на Србија.
Наместо нејзината старост да биде достојна и да биде на чисто и топло место, баба Ѓурѓа се бори и страда на самиот раб на сиромаштија. Таа е зависна од туѓа грижа и помош, а единствениот што се нашол во таа беда е нејзиниот син Мирослав.
-Не можам да живеам, не можам да умрам – вели баба Ѓурѓа.
Старицата Ѓурѓа шест години е врзана за кревет, а за неа се грижи десетото дете синот Мирослав заедно со сопругата и синовите.
Куќата нема ни минимални услови за живеење, земјен под, вода и бања. Вода носат од блискиот извор, низ солзи раскажува внукот на Небојша, од чија плата живее целото семејство.
-Не можам да ѝ дадам онака како што замислувам дека треба да се даде. Знам што ми треба, бања и куќа, но не можам, работам, но се мачиме и треба само да преживееме – низ солзи вели внукот на Ѓурѓа, Небојша.
Куќата за малку ќе се урнеше. Ѕидот е искривен и е потпрен со дрва за да не падне. Дел од кујната е покриен со најлон. Баба Ѓурѓа во меѓувреме ослепела, а освен старост и исцрпеност, друга дијагноза нема. Нејзиниот син Мирослав вели дека забележал необични промени на нејзиното тело
-Кожата почна да се менува, да се обновува. Косата и беше бела, сега е црна. Излегоа четири нови заби – вели Мирослав.
Ѓурѓа родила 11 деца, од кои има над 120 потомци.
Животот на најстарата жена на Балканот е болен, а уште поболно е што ја чека судниот ден во куќа стара како неа, во нехумани услови. На баба Ѓурѓа и треба храна, пред се каша, пелени за возрасни, средства за хигиена, гардероба, како и пари за подостоинствен живот.
