Никогаш доволно од корисни и практични совети за чистење на домаќинството, особено кога станува збор за тврдокорниот бигор што секогаш ни задава главоболки.
Домашните раствори за чистење не содржат штетни хемикалии, бидејќи најчесто се потпираме на сода бикарбона, оцет и лимон — едни од најефикасните средства за одржување хигиена. Но не треба да се заборави ни лимонтусот, кој многу домаќинки го користат при приготвување сокови.
Оваа намирница може да се искористи за отстранување на каменецот од садовите, површините, па дури и од апаратите како што се машината за садови или машината за перење алишта. Често се случува на дното од електричното ѓезве или бокал за вода да се зафати каменец кој не се вади со обичен детергент. Затоа, сипете 1 литар ладна вода во уредот и загрејте ја до вриење. Во зовриената вода истурете 2 кесички лимонтус.
Промешајте и оставете така да се излади целосно — околу еден час. Потоа, истурете ја водата, а уредот исплакнете го.
Поврзани објави
За чистење на машината за садови, ставете една кесичка лимонтус во одделот за таблети и пуштете ја машината на стандарден циклус. Ќе бидете изненадени колку ќе блескаат садовите, а и самата машина ќе биде чиста.
Ако сакате блескава мијалник, направете го следново: посипете ја површината со сода бикарбона, потоа истурете една кесичка лимонтус, и исцедете половина лимон врз сето тоа. Почекајте неколку минути, потоа со сунѓер нежно истријте. Исплакнете со вода.
Текст: Убавина и здравје